Ракометарите на Куманово гостуваат кај РК Струга

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово денеска против РК Струга ќе ги одмерат силите во 10. коло од ракометната Суперлига на Македонија.

Пред кумановци е уште еден возбудлив и неизвесен натпревар, во кој ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат.

Со три победи од почетокот на сезоната, Струга има подобра позиција во табелата, наспроти Куманово кој има впишано само една победа.

Мечот се игра во Спортската сала „Тими“ со почеток од 18:30 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На кумановските гимназијалци им е потребен вашиот глас - поддржете ги во натпреварот „Средношколец Милионер“