Триесет и петгодишник од Куманово бил приведен ноќва откако полицијата констатирала дека возел со 1,62 промили алкохол.
– На 14.11.2026 во 01:32 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.С.(35) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, кој го управувал М.С. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќајот.
– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

