Откриена втора ГМО бременост во Кина

Сподели со своите пријатели

Научникој кој тврди дека го креирал првото генетскимодифицирано бебе ќе се соочи со полициска истрага во Кина, јавуваат државните медиуми, а властите потврдуваат дека уште една жена останала бремена во рамките на овој експеримент.

Loading...

Хе Џианкуји ја шокираше научната јавност минатата година со објава дека успешно изменил гени на две близначки родени во ноември за да спречи ширење на зарази од ХИВ вирусот.

На форумот за човечкиот геном во Хонг Конг тој рекол дека потенцијално постои уште една бременост во која учествува друг пар.

Со истрага е утврдено постоење на друга мајка и дека таа жена е се уште бремена, јавува агенцијата Синхуа.

Оваа жена и девојчето од првата бременост ќе бидат ставени под медицински надзор, рекол еден истражител.

Со истрага е утврдено дека Хе ги фалсификувал документит за етичката оценка и намерно избегнувал супервизија, се додава во извештајот.

Истражувачите рекле дека научникот бркал лична популарност и користел средства кои сам ги собирал за овој експеримент.

За истржаувањето доброволно се пријавиле 18 парови кои биле составени од ХИВ позитивни мажи и ХИВ негативни жени, а еден пар подоцна се откажал, потестува АФП.

Loading...

Деталите од овоје експеримент, кој не е независно верификуван, дочекани се со критики од глобалната научна заедница, а кинеските власти наредиле Хе да ја стопира својата работа неколку дена откако објавил.

Leave a Reply