91-годишен кумановец пријавен за исчезнат

Сподели со своите пријатели

Деведесет и едногодишен кумановец вчеравечер бил пријавен за исчезнат од страна на неговиот син.

– На 13.11.2026 во 23:30 часот во СВР Куманово, Т.С.(65) од Куманово пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот татко С.С.(91) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата доваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  19-годишник и малолетничка нападнале и ограбиле кумановец на плоштадот