Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен ќе го пречекаат составот на Струмица во рамки на домашната кошаркарска Суперлига.
По лошиот пораз кој тимот на Докузовски го забележа на гостувањето протиф ТФТ, тимот ќе се обиде да забележи четврта победа сезонава.
Од досега одиграните натпревари кумановци имаат три победи и исто толку порази, додека струмичани имаат две победи и четири изгубени меча.
Интересно е што во тимот на Струмица играат двајца кошаркари излезени од кумановската школа, а тоа се Лука Димитриевски и Милош Јовановиќ.
Утрешниот меч ќе има и хуманитарен карактер, а како што најавуваат од МКК Куманово сите средства од собраните билети ќе бидат донирани за лекувањето на Стефан Петрушевски и Олгица Давидовска.
Средбата започнува во 18 часот во Спортската сала Куманово.
Никола Ивановски

