Соединетите Американски Држави прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради брзото ширење на епидемијата на мајмунски сипаници низ целата земја, објави Си-Ен-Ен.
Одлуката беше соопштена на брифинг во Министерството за здравство, кое деновиве беше обвинето дека не се справува на вистински начин со епидемијата на мајмунски сипаници и со тоа овозможува ширење на болеста.
Откако беше потврден првиот случај на мајмунски сипаници во Америка во мај, повеќе од 6.600 случаи се пријавени во сите држави, освен Монтана и Вајоминг.
Со најновата одлука, американското Министерство за здравство ја следеше одлуката на Светската здравствена организација која на крајот на јули ја прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена вонредна состојба.
Во САД, градовите Њујорк и Сан Франциско, како и сојузните држави Калифорнија, Илиноис и Њујорк, уште пред оваа одлука прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунска сипаница.
Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот го назначи Роберт Фентон за координатор на сите активности на Белата куќа поврзани со епидемијата на мајмунски сипаници.
Сите информации поврзани со епидемијата на мајмунски сипаници можете да ги прочитате ТУКА.