Украина: Русија планира да ја ескалира војната

Сподели со своите пријатели

Русија планира ескалација во Украина, што би можело да се случи дури и во следните две до три недели, изјави Олексеј Данилов, секретар на Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана.

Loading...

Данилов во интервју за „Скај њуз“ вели дека најтешките борби допрва претстојат, а дека следните неколку месеци ќе бидат клучни.

Тој ги повика западните сојузници да испратат повеќе оружје, вклучувајќи го и британскиот Тајфун и борбени авиони од други партнери.

„Русија се подготвува за максимална ескалација“, рече Данилов, не исклучувајќи ја можноста рускиот претседател Владимир Путин да се обиде уште еден напад од север, југ и исток, како што се случи на почетокот на нападот врз Украина на 24 февруари минатата година.

Можеби дури и како што рече, ќе се совпадне со годишнината од почетокот на руската воена операција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.