Украина отвори линија за помош за мобилизираните Руси

Сподели со своите пријатели

Украински официјални лица известуваат дека илјадници Руси ги контактирале преку линија преку која руските војници можат да се предадат.

Loading...

Андреј Јусов, портпарол на воената разузнавачка служба на Украина, рече дека околу 2.000 луѓе се јавиле на телефонската линија „Сакам да живеам“ во последните недели.

„Добивме многу повици од Руси кои неодамна беа мобилизирани. Ни се јавуваат дури и оние кои не се повикани. Не прашуваат што да правиме ако се мобилизирани, кој е вистинскиот начин да се предадеме“, рече Јусов.

Тој додаде дека бројот на повици се зголемил по офанзивата во Харков и оттогаш продолжил да расте.

„Потоа почнавме да добиваме повици не само од војници кои се на територијата на Украина како дел од инвазивните сили. Не повикуваат и оние кои штотуку се мобилизирани и сѐ уште се на територијата на Русија, или нивни роднини, и дури и луѓе кои се сомневаат дека можеби се мобилизирани“, рече Јусов.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.