Убиен руски полковник во Украина: Се обидел да им помогне на припадниците на одредот „Бура“

Сподели со своите пријатели

Командантот на рускиот Ленинградски полк, полковник Евгениј Вашутин, бил смртно ранет на 14 јули, кога се обиделе да им помогнат на опколените припадници на одредот „Бура“, објави Фонтанка, локален медиум во Санкт Петербург.

Loading...

Претседателот на Собранието на Санкт Петербург, Александар Белски, изрази сочувство и рече дека Вашутин загинал додека се обидувал да им помогне на руските војници кои биле опколени од Украинци.

„Полковникот и групата за поддршка напредуваа кон одредот. Нивното движење било забележано од непријателот, а командантот и неговите војници се вклучиле во борба со непријателот. За време на конфликтот, Вашутин бил отсечен од своите соборци и тешко ранет. И покрај преземените мерки за самопомош, тој почина несебично борејќи се до последен момент“, рече Белски.

Тој рече и дека на командантот на Ленинградскиот полк постхумно му е доделена титулата Херој на Руската Федерација, пренесе Индекс.

Ленинградскиот полк беше формиран главно од мобилизираните жители на Санкт Петербург.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.