Сунак ги објави имињата на новите министри

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Риши Сунак го објави составот на неговиот кабинет. Тој го назначи Доминик Рааб за вицепремиер и министер за правда, додека министрите за финансии и надворешни работи Џереми Хант и Џејмс Клеверли ќе останат на своите позиции.

Loading...

Џереми Хант, кој денеска беше повторно назначен за канцелар на Велика Британија од новиот премиер на Велика Британија Риши Сунак, рече дека владата ќе работи на враќање на стабилноста, довербата и долгорочниот раст, признавајќи дека Британија се соочува со тежок период.

– Ќе биде тешко. Но, заштитата на оние кои се изложени на ризик – и работните места, хипотеките и сметките – ќе биде наш главен приоритет додека работиме на враќање на стабилноста, довербата и долгорочниот раст“, ​​напиша Хант на Твитер, пренесе Ројтерс.

Како што соопшти денеска неговиот кабинет, Сунак повторно го именуваше Џејмс Клеверли за министер за надворешни работи.

Во соопштението се наведува и дека Сунак повторно го именувал Бен Валас за британски министер за одбрана, додека британскиот пратеник Доминик Рааб го назначил за вицепремиер и министер за правда, за тој повторно да ги извршува должностите што ги извршувал една година до септември.

Новиот британски премиер повторно ја назначи британската пратеничка Суела Браверман за министер за внатрешни работи, помалку од една недела откако таа поднесе оставка од функцијата поради прекршување на владините правила.

Скај њуз објави дека Сунак, исто така, повторно ја назначи Ками Баденох за министер за трговија, како и Крис Хитон-Харис за министер за Северна Ирска.

Британската пратеничка Пени Мордоунт, која неуспешно се обиде да стане премиер, Сунак повторно ја назначи за лидер на Долниот дом на Парламентот.

Loading...

Министерски позиции добија и Грант Шапс, Надим Захави и Мајкл Гоув.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.