Стотици мајмуни ги преплавија улиците на Тајланд: Се борат за една банана (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Лопбури, Тајланд, туристите секојдневно хранат мајмуни. Сепак, поради моменталната состојба во светот во однос на коронавирусот, бројот на туристи значително се намали во сите делови на светот, вклучително и во Тајланд.

Loading...

Мајмуните очигледно во недостаток на туристи, посакувале храна и околу истата се степаа.

Мајмун кој обожава дијаманти и чевли, пали цигари и пуши како човек (ВИДЕО)

Поточно, тепачката помеѓу многу мајмуни започна бидејќи еден од нив имал сочна банана. Во тој момент стотици гладни мајмуни се бореа за само една банана.

Според „Дејли меил“, мајмуните се поделени на две „ривалски банди“ – оние кои живеат во градот и оние кои живеат надвор од него.

Сликата на екранот подолу прикажува стотици мајмуни кои ја преминуваат улицата бркајќи само еден кој носи банана.

Борејќи се за храна, тие почнаа да скокаат едни над други, па дури и локалното население, кое е навикнато на нив, било шокирано од нивната жестокост.

Сакаше да направи селфи со мајмунот, но ова не го очекуваше (ВИДЕО)

Loading...

„Тие изгледаа повеќе како бесни кучиња отколку мајмуни. Тие полудеа по парчиња храна. Никогаш не сум ги видела толку агресивни. Мислам дека беа многу гладни”, раскажала Сасалук Ратаначи, која сведочела на сцената.

Љубезните жители веднаш им дале храна – свежи домати и лубеници.


Leave a Reply