Словачка одлучи, праќа борбени авиони во Украина

Сподели со своите пријатели

Словачката влада во петокот одобри испраќање борбени авиони МиГ-29 во Украина, со што ја зголеми воената помош за Киев во борбата против руската инвазија.

Loading...

„Словачката влада штотуку одобри испраќање 13 авиони МиГ-29 во Украина! Ветувањата мора да се одржат и кога Зеленски побара повеќе оружје, вклучително и борбени авиони, реков дека ќе дадеме се од себе. Мило ми е што другите го прават истото. Воената помош е клучна за да се обезбеди одбрана на Украина и на цела Европа од Русија“, напиша словачкиот премиер Едуард Хегер на Твитер.

Словачката флота од 11 авиони МиГ-29 беше повлечена минатото лето и повеќето од нив не се во функција.

Тие што работат ќе ги испратат а останатите ќе одат по резервни делови.

– Словачка, исто така, ќе снабдува дел од својот систем за воздушна одбрана КУБ, рече Хегер.

Тоа е втората земја која одлучи да испрати воени авиони во Киев.

Сојузниците на НАТО на поранешниот комунистички исток, како што се Полска и Словачка, беа особено гласни во својата поддршка за Киев откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година.

Прва одлучи Полска

Првата одлука ја донесе Полска, која може да испорача борбени авиони МиГ-29 на Украина за четири до шест недели.

Loading...

Полска претходно навести дека е подготвена да испрати советски МИГ, но бидејќи некои сојузници се претпазливи, не беше јасно колку време ќе биде потребно за тие авиони да стигнат до Украина.

МиГ-29 е повеќенаменски борбен авион дизајниран да го преземе воздушниот простор на поранешниот СССР.

Русите го развиле во текот на седумдесеттите години на минатиот век, а се користи од 1983 година.

По распадот на СССР, тој остана во употреба од страна на руските воздухопловни сили како конкурент на американскиот Хорнет и Ф-16.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.