Се урна хеликоптер кај Киев, паднал покрај градинка полна со деца (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хеликоптер  се урна во близина на градинка во украинскиот град Бровари, во близина на Киев.

Гувернерот на Киев извести дека на местото на несреќата има жртви, а децата во моментот на падот на хеликоптерот биле во градинката.

 

 

„Во моментот на трагедијата во градинката имало деца и персонал. Сега сите се евакуирани“, најави тој.

Полицијата подоцна соопшти дека се повредени најмалку пет лица.

Претседателскиот помошник Кирил Тимошенко рече дека службите за итни случаи се на терен и проверуваат дали има жртви.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски тврди дека Русија му помага на Иран да ги нападне американските бази. Трамп: Ќе го прашам Путин

„Бараме информации за жртвите и околностите“, напиша Тимошенко преку апликацијата Телеграм.

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ноќни напади низ Украина. Руска бомба урна куќа и уби маж

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.