Русите признаа: Украинците напаѓаат важен град на истокот

Сподели со своите пријатели

Украински сили го нападнаа градот Балаклија во областа Харков во источна Украина, изјави руски официјален претставник.

Loading...

Овој град со 27.000 жители се наоѓа помеѓу Харков и Изум, кој е под контрола на Украина.

Балаклија е стратешки важен железнички град што го користат Русите за снабдување на нивните сили во источна Украина.

„Денеска украинските вооружени сили, по долга артилериска подготовка, почнаа со напад на Балаклија“, изјави рускиот функционер во самопрогласената сепаратистичка Народна Република Доњецк, Данил Безсонов.

„Градот е практично опколен, сите приоди се отсечени“

Тој додаде дека ако градот падне, руските сили во Изум ќе бидат изложени на напад од северозапад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Украинските сили го концентрираат својот оган врз мобилните групи сили на сепаратистичката парадржава ДНР, кои зазедоа одбранбени позиции во блиските шуми.

„Во овој момент Балаклија е практично опколена и во дострелот на украинската артилерија. Сите приоди се отсечени“, рече Безсонов.

Украинскиот гувернер на окупираната област Луганск, Серхи Хејдеј, за украинската телевизија изјави дека „контранападот е во тек“, додавајќи дека „нашите сили постигнуваат успех“.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.