Русија ја казни Википедија затоа што не избришала статија

Сподели со своите пријатели

Руски суд го казни сопственикот на Википедија со 1,5 милиони рубљи (околу 16.800 евра) затоа што не избришал статија за конфликтот во Украина, пренесува агенцијата ТАСС.

Loading...

Русија неодамна воведе серија казни за Фондацијата Викимедија, но сè уште не планира да ја блокира услугата, изјави оваа недела министерот за дигитални прашања.

На почетокот на овој месец, Кремљ ја казни Викимедија за написот со наслов „Руската окупација на регионот Запорожје“.

Русија наводно работи на сопствена верзија на Википедија за да ги исправи, како што вели, неточните информации и искривувањата на историските факти на страницата, пишува Sky News.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.