Пронајдена подморница на Ескобар, постои сомнеж дека на неа се крие големо богатство

Сподели со своите пријатели

Пабло Ескобар бил син на сиромашен колумбиски фармер, но веќе на 35 години бил мултимилијардер и прв човек на картелот Меделин кој држел 80 проценти од светскиот пазар на кокаин.

 

Loading...

 

Во средината на 80-тите години на минатиот век, благодарение на моќта на картелот Ескобар неделно заработувал околу 420 милиони долари. На годишно ниво таа сума изнесувала околу 22 милијарди долари. Ескобар на листата на Forbes за најбогати луѓе во светот се наоѓал седум години по ред и тоа во периодот од 1987 до 1993 година.

 

 

Главниот пазар на неговиот картел биле Соединетите Американски Држави, а секој ден на територијата на САД влегувале околу 15 тони кокаин. Дрогата се шверцувала преку Флорида, а четири од пет лица кои користеле кокаин во тој период, биле „клиенти“ на Ескобар.

 

Loading...

 

Покрај перењето на парите заработени на нелегален начин, Ескобар се соочувал и со уште еден голем проблем: Како да ги чува сите тие пари. Според некои информации, секој месец трошел по околу 2.500 долари на ластичиња и кесички во кои ќе ги чува парите.

Ескобар криел милијарди и ги убил сите кои ги знаат тајните локации, но овие луѓе тргнаа во лов на парите (фото)

Во едно интервју во 2009 година, Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, рекол дека неговиот татко во еден момент запалил два милиони долари бидејќи на неговата ќерка и бил ладно.

 

 

Меѓу народот имал прекар Робин Худ бидејќи не жалел пари за да им помогне на сиромашните, да им изгради куќи, како и друга инфраструктура.

КГБ Кали, нарко картелот кој го наследи Ескобар: Снабдувале со дрога 90% од светот (фото+видео)

Потрагата и борбата со Пабло Ескобар заврши на 2 декември 1993 година, кога припадниците на единицата Search Bloc користеле радио триангулација за да го лоцираат нарко босот кој се криел во Меделин. По престрелката, Ескобар и неговиот телохранител се обиделе да побегнат преку покривите на куќите, но биле убиени од колумбиската полиција.

 

Loading...

 

Ескобар бил застрелан во ногата, телото и имал фатална рана низ увото. Никогаш не е докажано кој го убил и дали тоа било во престрелка или пак била егзекуција. Некои од неговите блиски тврдат дека Ескобар се самоубил, бидејќи често спомнувал дека ако се најде во безизлезна ситуација „ќе се застрела меѓу ушите“.

 

Pages: 1 2