Пронајден кинески воен брод изгубен пред 100 години – чува непроценливо богатство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Одамна изгубен воен брод откриен е на брего на Кина по големиот лов на реликвии од поморската битка која се водела пред повеќе од еден век.

Археолошки тим неколку години трагал по овој брод пред да ја најде златно-древната плоча со името Џингуан, соопштила кинеската управа за културно наследство.

Пронајдени остатоци од брод со богатство од 17 милијарди долари

Loading...

Бродот е изграден во познатото бродоградилиште Вулкан во Германија, а бил дел од една од кинеските поморски флоти во доцните 1880. години. Исчезнал на море за врем ена првата Кинеско-јапанска војна во септември 1894. година. Потонал во Жолтото море заедно со уште три воени бродови.

Откако е потврдено дека се работи токму за овој брод, археолошки тим го скенирал морското дно за да ја утврди точната локација на 12 метри длабочина. За време на отстранувањето на песокот, утврдиле дека бродот се наоѓа превртена наопаку, но дозволено е ископувањето на неговата содржина.

Членовите на тимот соопштиле дека на бродот се наоѓаат повеќе од 500 вредни и значајни предмети, вклучувајќи керамика, стока од кожа и слично.

Откриени се и парчиња стара муниција. Експертите сметаат дека откритието на овој брод има големо значење за изучување на светската поморска историја.

Leave a Reply