Кумановка нападната во напуштен објект во центарот на градот

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишна кумановка вчера била нападната од две лица во напуштен објект во центарот на градот.

– На 10.09.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, О.Ц.(46) од Куманово пријавила дека во напуштен објект во центар на Куманово била физички нападната од две лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово домаќин на Суперкупот во кошарка и Купот на Македонија во 2027 и 2028 година (ВИДЕО)