Под Алкатраз пронајдена воена градба од 19 век

Сподели со своите пријатели

Под познатиот Алкатраз, нова археолошка студијата пронашла тунели и остатоци од американска воена градба од периодот на граѓанската војна.

Loading...

Историчарите одамна имале сомнежи дека под познатиот затвор во Калифорнија, се наоѓаат остатоци од американска воена градба од 19 век, што е потврдено и со наодите објавени во списанието „Феофизика под површината“.

Археолозите во истражувањето користеле радари и ласерско скенирање на земјата. Пронајдени се градби, складишта за муниција и тунели.

– Остатоците се веднаш под вашите нозе, многу близу до површината и многу добро се сочувани, рекол археологот Тимоти де Смит од Универзитетот Бингхамнтон.

Охрабрени од новите докази, истражувачите на озогласената „Карпа“ планираат да направат уште тестови.

Алкатраз се наоѓа на островот во заливот на Сан Франциско, и американската влада го користела во текот на 1840те  кога ја освлојувале Калифорнија од Мексико. За време на граѓанската војна тврдината била користена како затвор. Од 1930 до 1963 година Алкатраз функционирал како федерален затвор.

Leave a Reply