Полјански: Русија принудена да ја продолжи воената операција во Украина

Сподели со своите пријатели

Русија би ја поздравила можноста конфликтот во Украина да се реши по мирен пат, на преговарачка маса, но е принудена да ја продолжи својата специјална воена операција, изјави првиот заменик постојан претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански.

Loading...

„Сега знаеме, сигурно знаеме дека Западот, благодарение на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која беше и гарант на договорот од Минск, само купуваше време обидувајќи се да ја вооружи Украина и да ја подготви за ваква ситуација“, изјави рускиот дипломат во интервју со американската блогерка Тара Рид, пренесува ТАСС.

Тој посочи дека „Русија сака целите на тековната воена операција да се постигнат по мирен пат“ и нагласи дека „тоа е можно да се направи“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.