Акивно се работи на реконструкцијата на улицата „Индустриска“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Активно се работи на целосната реконструкција на улицата „Индустриска“ во Куманово, на потегот од улицата „11 Октомври“ до улицата „11 Ноември“, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Според објавените информации, во моментов се врши гребење на стариот асфалтен слој и поставување на бетонски рабници, а активностите продолжуваат согласно предвидената динамика.

 

 

Реконструкцијата се реализира во рамки на вториот владин повик и предвидува целосна обнова на постојната дотраена асфалтна површина.

Проектот опфаќа вадење на старите рабници, машински ископ и продлабочување на тампонскиот материјал, поставување нов тампонски слој и негово машинско набивање, како и изградба на тротоарска конструкција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

 

 

Предвидени се поставување нови бетонски рабници, изведба на нов асфалтен коловоз со носив слој од битуменизиран асфалт и поставување нов завршен асфалтен слој.

Во рамки на реконструкцијата ќе биде решено и одведувањето на атмосферските води преку надолжно и попречно одводнување со поставување сливници.

 

 

Од Општина Куманово претходно посочија дека со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат безбедноста, функционалноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура на овој важен патен правец.

 

 

Улицата „Индустриска“ е една од поважните сообраќајници во индустрискиот дел на Куманово, а по завршувањето на реконструкцијата се очекува да се подобрат условите за движење на возилата и пешаците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се чека на пари од Владата за да се доврши реконструкцијата на Соколана (ВИДЕО)

 

Никола Ивановски