Калас: Размената на оган меѓу САД и Иран ги комплицира преговорите

Сподели со своите пријатели

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека верува оти размената на оган меѓу САД и Иран ги комплицира преговорите, како и дека иранските напади врз Бахреин и Кувајт се неприфатливи.

„Размената на оган меѓу САД и Иран дополнително ги комплицира веќе затегнатите преговори за завршување на војната. Нападите на Иран врз Бахреин и Кувајт се неприфатливи“, рече Калас во објава на социјалната мрежа X.

Калас потсети дека, според Меморандумот за разбирање, Техеран се обврзал повторно да го отвори Ормутскиот теснец.

„Неговите неодамнешни напади врз бродови во близина на теснецот ја кршат таа обврска и се закануваат да го нарушат континуираното снабдување со енергија. Слободата на пловидба мора да биде непречена“, додаде таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руте: Нападите на САД врз Иран беа апсолутно неопходни

Како што изјави, следниот понеделник, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се сретнат со своите колеги од Заливот за да разговараат за тоа како можат да работат заедно за да ја поддржат имплементацијата на договорот и да ја зачуваат слободата на пловидба во теснецот, како и во Црвеното Море.

САД и Иран потпишаа Меморандум за разбирање на 17 јуни, со што се стави крај на воениот прекин на огнот меѓу двете земји и се обврзаа на 60-дневен преговарачки период за постигнување конечен, траен мировен договор.

Централната команда на САД соопшти дека започнала серија воздушни напади врз цели во Иран во понеделник вечерта, велејќи дека тоа е одговор на, како што рече, иранските напади врз три трговски брода што минувале низ Ормутскиот теснец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мексиканец убиен за време на рација на ICE во Хјустон, ФБИ отвора истрага