Деветнаесетгодишник од Куманово бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека возел мотор без дозвола.
– На 07.07.2026 во 18:15 часот на улицата „ЈНА“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода А.С. (19) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопед со кумановски регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека A.С. го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола.
– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, се додава во соопштението.
Никола Ивановски

