ОН: Русија ја користи атмосферата на страв за да ги контролира окупираните територии во Украина

Сподели со своите пријатели

Русија незаконски ја консолидира својата контрола врз окупираните делови на Украина со создавање на „атмосфера на страв“ преку практики како што се апсења, убиства и мачење, изјави шефот на мисијата на Обединетите нации во земјата разурната од војна.

Loading...

Говорејќи во пресрет на објавувањето на заклучоците на големата мисија за набљудување на човековите права на ОН на територијата окупирана од Русија во инвазијата што започна во февруари 2022 година, шефот на мисијата, Даниел Бел, нагласи дека руските кршења на правата се користат за заплашување на локалното население и нивно принудување на соработка.

„Тоа комбинирано дејство преку цензура, надзор, политичко угнетување, репресија на слободата на говорот, ограничувања на движењето, создаде атмосфера на страв во која Руската Федерација може систематски да ги елиминира украинските системи на влада и администрација“, рече таа во интервју за Ројтерс.

Повеќе од 2 илјади сведоштва

Москва негира дека нејзините сили вршат злосторства или намерно гаѓаат цивили.

Во 2014 година, Русија го окупираше Крим, а проруските паравојски окупираа два источни регионални центри во истата година.

Со инвазијата во 2022 година, Москва освои дополнителни области на југ и исток, па во моментов контролира околу 17 отсто од украинската територија со неколку милиони жители.

Мисијата на ОН немала пристап до окупираните области, па своите заклучоци ги засновала на повеќе од 2,3 илјади сведоштва на оние кои живеат под окупација, ги напуштиле тие области или живеат во делови од земјата кои во меѓувреме биле ослободени.

Бел рече дека имало почетна фаза на кршење на човековите права, убиства, мачење и притворање без соодветна постапка на оние за кои се верува дека се поврзани со украинските сили или поддржувачите на Киев.

Loading...

Следеа кампањи против слободата на движење, собирање и говор на локалното население, а потоа и замена на сите поголеми институции со руски.

Училиштата се префрлија на руски јазик и наставна програма, а судовите почнаа да приведуваат луѓе во руските затвори.

Бел рече дека Русија ги принудува луѓето да земат нејзино државјанство, не дозволувајќи им пристап до здравствена заштита, социјална помош или имот за изнајмување доколку не го сторат тоа.

Локалното население беше охрабрено да се шпионира меѓусебно, за што беа создадени и онлајн платформи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.