Приведени кумановци кои нападнале обезбедување во казино

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени вчера попладне откако физички нападнале лице ангажирано како обезбедување во казино.

– На 20.07.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.И.(32) и Е.И.(35), двајцата од Куманово, затоа што во казино на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово физички нападнале вработен во агенција за обезбедување додека вршел службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се затвори улицата „Доне Божинов“ поради санирање на сливната решетка