Делови од Куманово денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Неколку локации низ Куманово денеска и утре привремено ќе останат без струја поради планирани прекини од страна на ЕВН.

Како што инфрмираат од Електродистрибуција, денеска во период од 07:30 до 14:30 часот прекини ќе има кај корисниците од дел од улицата „Моша Пијаде“, поточно од градинката „Ангел Шајче“ до кружниот тек.

Во истиот период утре  без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Трајко Јовановски Кмет“, кај Шумско стопанство, како и дел од улицата „11 Ноември“ поточно од мостот за населбата Бедиње до „Кафе Мока“.

Но, утринава без струја се и неколку села низ кумановскиот крај, поради непланирани прекини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник нападнат во Куманово

Така без струја се мештаните на Пчиња, Студена Бара, Белановце, Извор, Оризаре, Слупчане, Бељаковце, Јачинце, Довезенце, Зубовце, Кокошиње, Градиште, К’шање, Мургаш, Пезово, Новосељане, Орашац и Шупли Камен.

Никола Ивановски