Ќе се затвори улицата „Доне Божинов“ поради санирање на сливната решетка

Сподели со своите пријатели

ЈП „Водовод“ Куманово ќе изврши санација и поставување нова сливна решетка на улицата „Доне Божинов“, поради што ќе биде воведен привремен целосен прекин на сообраќајот на дел од оваа улица.

Како што информираат од претпријатието, поради комплексноста на работите и големата фреквенција на сообраќај, градежните активности ќе се изведуваат во ноќните часови.

Целосниот прекин на сообраќајот ќе важи од 20:00 часот во вторник (21 јули) до 12:00 часот во среда (22 јули), доколку временските услови го дозволат тоа.

Затворен за сообраќај ќе биде потегот на улицата „Доне Божинов“ од раскрсницата со улицата „Никола Тесла“ до клучката кај бензинската пумпа „Сателит“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени кумановци кои нападнале обезбедување во казино

Од ЈП „Водовод“ Куманово апелираат до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање и да ја почитуваат привремената сообраќајна сигнализација и режимот на движење за време на изведувањето на работите.

Никола Ивановски