НОВ ЈАПОНСКИ ИЗУМ: Фрижидер за луѓе го лади телото за неколку минути подобро од клима уред (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Додека температурите рушат рекорди, Јапонија понуди необично решение – „фрижидер за луѓе“ кој го лади телото за само неколку минути.

Како што температурите во Јапонија достигнуваат 38°C, а владата издава предупредувања за топлотен удар, две јапонски компании претставија решение за екстремната топлина – човечки фрижидер.

Уредот наречен Do Hiemon или „лична кутија за ладење“ е заеднички развиен од производител на автомати за продажба и компанија за производство на челични кутии за алати, а неговата цена е околу 8.000 евра, објавува Telegraf.

 

 

Брзо ладење до 5°C

Уредот е дизајниран како кабина од не’рѓосувачки челик со вграден стол.

Кога корисникот седи внатре, системот почнува да испушта моќни млазови воздух оладени на 5°C.

Воздухот е насочен кон главата, вратот, рамената и грбот со цел што побрзо да се намали телесната температура.

Внатрешноста на кабината се одржува на температура од околу 15°C, а системот автоматски се исклучува од безбедносни причини по максимум 20 минути употреба. Фрижидерот за луѓе е висок околу 213 см и длабок 120 см.

Намена и енергетска ефикасност

Производителот SDRS наведува дека работењето на уредот чини само 16 јени, или околу 0,10 евра на час, што го прави енергетски поефикасен од конвенционалните клима уреди.

Добавувачот Trusco истакнува дека ова е првиот преносен уред кој обезбедува ладење на целото тело и кој може да го лади телото побрзо од стандардниот клима уред.

Компаниите предлагаат поставување на овие мобилни кабини на градилишта и земјоделски површини, каде што работниците би можеле да се одморат од летните горештини.

Тие исто така можат да се користат во трговски центри, училишта, фестивали и спортски терени. Производителите тврдат дека корисникот се чувствува значително посвеж по само пет минути, додека десет минути во кабината се доволни за ублажување на симптомите на топлотна исцрпеност.