Територијата на Куманово и оклината вчера околу 17:30 часот беше зафатена од силно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на бројот 112 добиле повеќе повици од граѓани.
– Од 112 имавме повеќе јавувања на граѓани да пријават дека се без електрична енергија, паднати дрва, паднати бандери, искри од електрични жици, скинати електрични жици и имаше едно јавување на улица „Лесковачака“ за паданат лимен кров од зграда, стои во денешниот билтен.
Невремето не го поштеди ниту Старо Нагоричане.
– Имавме неколку јавувања дека се без електрична енергија и две јавувања за падната бандера на пат во село Челопек. Од наша страна известени се ЕВН. Командирот на ТППЕ Ст.Нагоричане не извести дека во 17:20 часот територија на Општина Старто Нагоричане била зафатенао со силно невреме од ветер и дожд, велат од РЦУК.
Невремето со електрични празнења и силен ветер предизвика низа пожари во селата во Старо Нагоричане, но за среќа сите се изгаснати.
– Од Командирот бевме известени дека од силниот ветер дошло до спојување на електричи жици и при тоа било предизвикано пожари во Канарево, Пузајка, Ругинце, Жегљане и Челопек. Немаат интервенирано бидејќи пожарите биле изгаснати од дождот, додаваат од Центарот за управување со кризи.
Никола Ивановски

