Научниците открија нов вид оса кој изгледа застрашувачки (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Оса која има огромно џвало од кое истекува отров пронајдена е во прашумите на Амазонија, пишува Дејли мејл.

Научниците во Амазонија пронашле нов вид на оса, кој изгледа застрашувачки. Освен што поседува огромно џвало, нивниот отров е толку силен што е во состојба да ја парализира жртвата, пред да снесе јајца во внатрешноста на телото.

ПРЕДИЗВИК: Со гол задник врз кошница со пчели (видео)

Loading...

Новиот вид оса, наречена clistopyga crassicaudata е паразитски вид кој не само што има долго џвало туку и многу широко во споредба со другите, пишува во статијата објавена во списанието „Zootaxa“.

Меѓународен тим на научници вели дека овој необичен вид оста може да се најде помеѓу Анди и на поднебјето на прашумите на Амазонија.

– Веќе долго време проучувам тропски паразитски оси и никогаш немам видено нешто слично на ова, истакнал професорот Илари Е. Саеаексјаерви од Универзитетот Турку.

Паразитските оси излагаат јајца во внатрешност на пајаци и со долгите џвала вбризгуваат отров во телата на жртвите. Отровот ја парализира жртвата. Ларвата која ја одлагаат го јаде пајакот и сите достапни пајакови јајца. Сите женски оси имаат џвало за лачење отров. Органот со кој ги ставаат јајцата во внатрешнсота на домаќинот функционира како и џвалото, долго и погодно за досегање на животни кои на пример живеат во внатрешноста на стеблата.

637.000 пчели му го прекрија телото за рекорд во Гинис (видео)

– Не знаеме сигурно за кој вид пајак се работи. Дивовското џвало изгледа како софистицирано оружје и ние уште ја нагаѓаме неговата цел, вели професорот Саеаексјаерви.

Leave a Reply