На вжештен паркинг мајка си го ставила бебето во автомобил

Сподели со своите пријатели

Во Сафрон Валден, недалеку од Кембриџ, а на повик од случаен минувач, пожарникарите низ скршено стакло на автомобил успеале да спасат 18-месечно момче кое мајката го оставила пред трговскиот центар.

Loading...

Службите за спасување според паркинг картичката утврдиле дека момчето внатре било заклучено повеќе од еден час на вжештениот паркинг, во целосно затворениот автомобил.

Ја натерале да живее како момче затоа што сакале син, нејзината приказна го расплака светот

Родителите, за кои се претпоставувало дека се во трговскиот центар, повикани биле повеќе пати преку разгласот, но тие не се појавиле.

– Неверојатно. Да не го пронајдоа пожарникарите и итната помош да го извлечат расплачено, измачено и дехидрирано момчето од врелиот автомобил, кој знае како би завршила оваа приказна. Ова е полошо од хорор, возбудено сведочела Черил Томас која била сведот на овој немил настан.

Мајка монструм го закопала новороденчето? Куче го спасило бебето (ВИДЕО)

Кога веќе се било завршено, се појавила мајката која за рака водела нешто постаро момче. Според изјави на сведоците не покажала никакви емоции, дури, била гневна што пожарникарите и го скршиле стаклото на автомобилот.

Додека на момчето му била пружана прва помош, полицијата била со невнимателната мајка и разговарале повеќе од половина час, но на крајот сепак и дозволиле децата да ги однесе дома. Се претпоставува дек надлежните служби во следните денови ќе ја проверат семејната состојба во нивниот дом.

Loading...

МЕДИЦИНСКО ЧУДО: Родила син на пет години, историјата ја знае како најмлада мајка во светот

Според податоците на европската Организација за безбедност на децата во внатрешноста на автомобилот кој се наоѓал паркиран на надворешна температура од 25 степени, секои 15 минути температурата се зголемувала за 10 до 15 степени.првите знаци на хипертермија можат да се јават само неколку минути, додека смрт, во поголемиот дел од случаите, се јавува за само два часа. Кај децата тоа е позиразено затоа што нивните тела се загреваат три до пет пати бобрзо во споредба со возрасните.

Во стан преполн со смет, пронајдено „диво“ девојче кое не знае да зборува (ВИДЕО)

– Страшно е опасно да оставите дете во автомобилот во овој период од годината кога топлината е неподнослива. Не ризикувајте. Не правете го тоа, дури ни за минута, додаваат претставниците на Противпожарната бригада во соопштението за локалните медиуми.

Image by Peter H from Pixabay

Leave a Reply