12.03.2019 09:56

Во стан преполн со смет, пронајдено „диво“ девојче кое не знае да зборува (ВИДЕО)


Полицијата во специјални заштити одела спаси полуголо петгодишно девојче кое живееле во еден стан преполн со смет во престолнината на Русија.

Девојчето чие име е Љубов било болно и дехидрирано, не знаело да зборува, а буквално била во смет до вратот.

loading...

Изгладнетото девојче било пронајдено неколку дена по исчезнувањето на мајката Ирина Гарашченко (47). Порталот Лајф.ру пренесува дека полицајците морале да облечат специјални заштити одела затоа што станот бил затрупан со смет и бубачки. Ѓерданот кој девојчето го носело започнал да расте во нејзиниот врат.

– Таа не знае да зборува, само испушта некои неартикулирани звуци. И понудивме да пие вода и испи два литри одеднаш, велат истражителите.

Руските медиуми девојчето го нарекоа Могли, меѓутоа за разлика од оној од „Кинага за џунглата“, нејзе друштво не и правеле животните.

– Сметот кој се распадаше смрдеше. За малку не се онесвестивме од глетката која ја затекнавме во станот и смрдеата. Девојчето седеше покрај прозорецот во кујната. Беше скоро гола, на себе имаше само капа и некаква искината маица. Плачеше. Храна немаше и секаде имаше бубачки, рекол еден од соседите кој прв влегол во станот пред да повика полиција.

Соседите велат дека мајката Ирина Гарашченко (47) пред пет години дошла со ќерката и дека потоа кажала оти девојчето заминало да живее кај својата баба. Таткото на девојчето бил депортиран во Украина.

Соседите наведуваат дека мајката изгледало нормално, секогаш прописно облечено и тврдела дека работи на одржување на хигиената во соседниот станбен блок. 

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments