Двајца од тројцата судии, како и делегатот на мечот меѓу Куманово и МЗТ во финалето од Суперкупот на Македонија се суспендирани.
Ова е одлуката на Македонската кошаркарска федерација по прегледување на видео материјалот од оваа средба.
Судијата Боро Антовски поради слабо судење е суспендиран на четири натпревари, а Никола Јакимовски за недоволно судење е казнет со два.
Казна од четири средби ќе има и за делегатот Зоран Николовски, поради неуредно и непотполно спроведување на одлуки, пропуст во навремена и правилна реакција.
Со 30.000 денари е казнает и МКК Куманово поради фрлање тврди предмети на теренот од страна на домашните навивачи.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Затворање на повеќе улици во Куманово во недела поради одбележувањето на „11 Октомври“
Никола Ивановски

