21.05.2019 13:00

Мајка монструм го закопала новороденчето? Куче го спасило бебето (ВИДЕО)

Facebook Twitter Google+

Се вика Пинг Понг и го слават како херој. Станува збор за куче кое спаси живот на новороденче кое мајката, тинејџерка, го закопала на полето.

Момчето било закопано под слој смет недалеку од фарма во округот Чампуанг, но Пинг Понг го пронашол истиот ден на 15 мај.

loading...

Кучето започнало да копа и лае, привлекувајќи внимание на својот сопственик, пастир, кој се доближил да погледне што пронашол.

– Мислам дека кучето го пронајде недолго откако мајката го закопала, рекол полицаецот Пануват Удкам, додавајќи дека детето е сместено во болница и дека е во добра здравствена состојба.

Против 15-годишната мајка, покрената е кривична постапка поради обид за убситво и напуштање дете. Се терети дека сакала да се откаже од него, затоа што се плашела дека родителите ќе се налутат на тоа, рекол полицаецот.

– Значи, откако го родила сосема сама, го закопала, рекол тој.

Локалните медиуми со големо внимание ја следат приакзната, а на социјалните мрежи граѓаните го фалат Пинг Понг.

Фото: TwitterPrintscreen/@STcom


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments