Весна Бендевска од Делчево: Консензус за изборниот законик не се постигнува со празно место на масата

Сподели со своите пријатели

Во рамки на серијата средби под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го продолжи отчетот пред граѓаните во Делчево, каде се разговараше за досегашното работење на избраните и именувани функционери од редовите на ЗНАМ, како и за спроведените политики, актуелните политички прашања и одговорноста на институциите кон граѓаните.

Пред присутните се обрати потпретседателката на Движењето и потпретседателка на Собранието на Република Македонија, Весна Бендевска, заедно со потпретседателот на Движењето и министер за земјоделство, Борче Серафимовски, претседателот на ОО на ЗНАМ во Бутел и директор на АД „Аеродроми“, Игор Трајановски, и Ирена Илиевска, директорка на Агенцијата за управување со одземен имот.

„За нас во ЗНАМ, отчетот не е формалност, ниту обврска што завршува со еден настан. Тој е принцип на политичко дејствување. Во изминатите две години работевме на активности и решенија што треба да ја направат државата пофункционална, институциите поодговорни, а јавните услуги подостапни за граѓаните. Граѓаните имаат право да прашаат што сме направиле, што сме промениле и што допрва треба да реализираме. Нашата обврска е на тие прашања да одговориме со конкретни резултати и со подготвеност да ја преземеме одговорноста за сработеното“ – порача Бендевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владиниот врв утре во Куманово на чествувањето на 11 Октомври

 

 

Осврнувајќи се на значењето на реформите, Бендевска нагласи дека државата се гради преку функционални институции, владеење на правото, вреднување на трудот и создавање услови за развој во сите општини.

Според неа, напредокот мора да биде рамномерен и видлив и во помалите градови, каде што граѓаните очекуваат еднаква институционална грижа и реални можности за подобар живот.

„Резултатите од работата не се мерат само со бројот на донесени закони или одржани состаноци, туку со тоа дали институциите работат подобро, дали граѓаните добиваат поквалитетни услуги, дали се создаваат услови за економски развој и дали јавниот интерес е ставен пред секој друг интерес. Нашата цел е токму тоа, да градиме држава во која правилата важат за сите, во која трудот се вреднува и во која ниту една општина нема да биде оставена на маргините на развојот. Тоа е обврската што ја преземавме и од која не се откажуваме!“ – истакна потпретседателката на ЗНАМ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владиниот врв утре во Куманово на чествувањето на 11 Октомври

 

 

Осврнувајќи се на актуелните реформски процеси, Бендевска ја отвори темата за реформата на изборното законодавство и работата на работната група за Изборниот законик. Таа изрази разочарување од повторното отсуство на СДСМ од средбата на работната група, оценувајќи дека учеството на сите парламентарни политички чинители е неопходно за постигнување консензус за прашање од суштинско значење за демократските процеси во државата.

Бендевска потсети дека од десетте законски решенија што требаше да бидат испорачани до 30 јули, девет биле реализирани, додека Изборниот законик останал отворено прашање. Таа посочи дека во процесот биле вклучени договорените промени за кои постоел консензус, со цел да се избегне блокирање на реформата преку поднесување голем број амандмани.

„Изборниот законик е дел од реформскиот процес и прашање од суштинско значење за демократскиот развој на државата. Затоа, местото на секоја политичка опција што има свои претставници во Собранието е на масата за разговор, со аргументи, конкретни предлози и подготвеност за изнаоѓање заеднички прифатливи решенија. Не може да се бара консензус, а истовремено да се отсуствува од дебатата во која тој треба да се изгради; не може да се обвинуваат другите за забавување на реформите, а да не се учествува во процесот што треба да ги придвижи напред. Државничката одговорност подразбира да ги соочиме аргументите, да ги надминеме партиските разлики таму каде што тоа е можно и да донесеме решенија во интерес на демократијата и граѓаните. Изборниот законик не е сопственост на една партија, ниту реформите се средство за дневнополитички пресметки. Тие се обврска кон државата и нејзината демократска иднина. Консензусот не се постигнува со празно место на масата, туку со политичка зрелост, активно учество и подготвеност да се преземе одговорност за донесените одлуки!“ – порача Бендевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владиниот врв утре во Куманово на чествувањето на 11 Октомври

 

 

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со отчетните средби низ државата, со определба политичката одговорност да се потврдува преку работа, транспарентност и конкретни резултати.