На Крим забележани четири експлозии

Сподели со своите пријатели

Најмалку четири експлозии се регистрирани во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот на Крим, во близина на воениот аеродром Белбек и во близина на пристанишниот град Севастопол, јави Радио Слободна Европа (РСЕ) повикувајќи се на локални извори.

Loading...

Рускиот администратор на Севастопол, Михаил Развозаев, напиша на Телеграм доцна во четвртокот дека противвоздушната одбрана соборила украинско беспилотно летало, додавајќи дека експлозиите не предизвикале „никаква штета“.

Истиот ден, руски функционер во градот Керч, каде што се наоѓа мостот на Крим, изјави дека е активирана противвоздушната одбрана.

Нема опасност за градот или мостот, изјави неименуваниот функционер.

Кримскиот мост, кој го поврзува Крим со Русија, завршен во мај 2018 година по цена од околу четири милијарди долари, е изграден како престижен проект отворен од рускиот претседател Владимир Путин.

Руските воени цели на Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, беа потресени од експлозии во последните денови.

Руско складиште за муниција на северот на Крим експлодира на 16 август, во инцидент што руските власти го припишуваат на „саботажа“.

Истиот ден, во областа Џанкој експлодираше електрична трафостаница, чија причина е непозната.

Loading...

Воздухопловната база Саки беше погодена од експлозии на 9 август, кога беа уништени најмалку девет воени авиони, вклучувајќи ловци Су-30СМ и бомбардери Су-24М, според РСЕ.

Украинските власти избегнаа јавно да ја преземат одговорноста за експлозиите, но неименуван висок украински функционер изјави за Њујорк Тајмс дека елитната украинска воена единица извршува „барем некои од нападите“ зад непријателските линии, јави РСЕ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.