Минск: Добивме информации за план за напад на Белорусија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Белорускиот комитет за државна безбедност, Иван Тертел, изјави дека Минск добил информации за плановите за извршување на серија терористички напади на белоруска територија, по создавањето на комбинирани регионални воени сили на Русија и Белорусија.

Loading...

„Сега сме сведоци на подготовки за серија терористички напади на нашата територија, имајќи го предвид создавањето регионални комбинирани воени сили со Руската Федерација“, рече тој, јави Танјуг.

Тертел за белоруската телевизија изјави дека властите во земјата биле информирани за терористички напади чија цел би биле железничките објекти и рути што ги користи белоруската армија и нејзините сојузници.

Според Тертел, „на одредени социјални мрежи веќе се појавуваат повици за напади“.

„Знаеме кој стои зад тоа. Терористичките групи се формираат во Литванија, Полска и Украина со поддршка на западните разузнавачки агенции со цел да се извршат терористички напади во Белорусија“, заклучи Тертел.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.