Лавров: САД и НАТО продолжуваат директно да се вклучени во конфликтот, не само со испраќање оружје

Сподели со своите пријатели

Без разлика колку ново оружје ќе набави Украина, сите тие ќе бидат уништени од руската армија, изјави Дмитриј Полјански, првиот заменик руски амбасадор во Обединетите нации.

Loading...

Полјански се осврна на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на САД.

„Новото вооружување на Украина на никаков начин нема да влијае на исполнувањето на руските цели во специјалната воена операција. Сакам да ги советувам сите западни земји што поскоро да се запрашаат до кога ќе ѝ помагаат на Украина, ако има се помалку Украинци кои веруваат во украинскиот режим“, рече Пољански.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров уште еднаш посочи дека Соединетите Американски Држави и НАТО се директно вклучени во конфликтот, не само со испраќање оружје, туку и со обука на персонал во Велика Британија, Германија, Италија и други земји.

Американскиот Конгрес одобри повеќе од 110 милијарди долари за Украина од руската инвазија која започна во февруари 2022 година, но не одобри никакви средства откако републиканците го презедоа Претставничкиот дом од демократите во јануари.

До средината на ноември, американското Министерство за одбрана искористи 97 отсто од 62,3 милијарди долари дополнително финансирање за Украина, а Стејт департментот ги искористи сите 4,7 милијарди долари воена помош за Украина доделени за него, изјави директорот на Канцеларијата на Белата куќа за управување и буџет Шаланда Јанг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.