ЈП „Водовод“ прокнижи добивка во третиот квартал

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Водовод“ Куманово забележа добивка во третиот квартал од 2024 година, покажа денеска извештајот презентиран пред Советот на Општина Куманово.

Loading...

Вкупниот приход оставен во период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година изнесува 82.675.815 денари, од кои најголем дел приход е од снабдување и испорака на вода за пиење, односно 42,4 милиони денари.

Како што истакна директорот на претпријатието Оливер Стојмановски, се бележи зголемувањеод 16 милиони и 100 илјади денари. Добивката, како што појасни, се зголемување на покачената цена на водата.

– Бројките за овој квартал треба и можеа да бидат уште подобри, но за жал онаа криза со водата што ја имавме при крај на мај, се отсликува во овој квартал. Бележиме зголемени трошоци за суровини и материјали, тоа се трошоци за хемикалии кои беа драстично зголемени во овој квартал во јуни, јули и август. Бележиме околу 2,6 милиони денари поголеми трошоци од истиот период лани, при што овие трошоци не би требало да се отсликаат така, но поради лошиот квалитет на вода и задоволување на потребите на граѓаните тие беа непходни и затоа беа направени. Истата состојба е и со потрошена електирчна енергија, бележиме пораст 2,7 милиони денари, појасни Стојамановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе донира пари за Нови Сад и семејството на загинатиот Васко Саздовски

 

 

Најголем проблем во однос на трошоците, како што појасни директорот, е надоместокот на плати.

Loading...

Дури четири милиони денари повеќе биле исплатени споредбено со истиот период лани, поради законско усогласување, по двете покачувања на минималната плата.

– Се надевам дека и наредниот квартал ќе продолжи овој тренд ако нема некои поголеми несакани трошоци како што беа од овој квартал, се надеваме дека наредниот ќе биде со уште подобри финансиски резултати, додаде директорот.

Советничката Гордица Бошковска од ЗНАМ, оваа јавно претпријатие имаше големи проблеми по хаваријата со неквалитетна вода која доаѓа од браната, но вели тоа успешно се надмина, благодарние не менаџментот и вработените.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дејан Јовановски нов член на Советот на Општина Куманово

– Можеби да не беше ваквакта хаварија, за која мислам дека апсолутно вината не е на нстрана на претпријатието, но вработените благодарение на ангажманот и на менаџментот и вработените со својата стручност, одговорност и спремност спречија поголема трагедија која на крајот на денот најмногу ја почуствуваа граѓаните, рече таа.

 

 

Таа повика „Водовод“, како и остнатите јавни претпријатија да бараат алтернативни решенија за подобро работење, пред се во поголема ефиканост при наплата на сметките.

Loading...

Директорот Стојмановски, вели дека, ниту тие, ниту било кое друго јавно претпријатие нема стопроцентна наплата на сметки.

– Единствен начин на кој ние можеме да ги натераме неплаќачите се поднесување на нотарски платни налози или краен случај претставка до извршител. Но, огромен дел на граѓани ги немаат ажурирано, немаат направено промена на име на корисник. Тие граѓани и по доставени 15 опомени, одење од врата на врата за барање на податоци, не ги доставуваат податоците. Тие корисници немаме начин како да ги наплатиме, рече директорот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени кумановци кои краделе од сепарација во Доброшане

Неплаќачите, според претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, треба да бидат истакнати на ѕид на срам.

– Кога толку се трудите, вие, советот излегува во пресрет на сите барања за да имаме квалитетна вода за пиење, некој да се одважи да не плаќа сметки или да ја краде водата треба да се стави на столб на срам. Затоа што сите услуги што ги правиме се за квалитетна вода за пиење, редовна достава, имавме неколку седници за да излеземе пресрет на граѓаните да не се одземе она што е основно, но основна обврска на граѓаните е да се плаќа вода, рече Ѓорѓиевска.

 

 

Инаку, директорот Оливер Стојмановски, потенцираше и дека се потрошени рекордни кочини на алуминиум сулфат во летните месеци, поради лошиот квалитет на вода, но и дека е забележано рекордно производство, од 400 литри во секунта, нешто што не било пракса во изминатите години.

Loading...

Никола Ивановски