МРК Куманово загуби од Вардар во првиот домашен натпревар сезонава (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово забележаа пораз со само два гола разлика од составот на Вардар во првиот меч на домашен терен сезонава.

 

 

Кумановската публика сепак имаше можност да ужива во крајно возбудлив натпревар, во кој гостите уште од самиот старт направија предност, па веќе на полувреме заминаа со 14:20.

 

 

Вторито дел до средбата кумановци покажаа дека се спремни да се спротивстават, па до крајот на мечот ја стопија предноста на само еден гол разлика пред крајот на средбата.

 

 

Сепак, во последната минута Урош Митровиќ погоди од крило за конечни 30-32 и победа на Вардар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  71-годишен кумановец возел со 2,37 промили алкохол, полицијата го привела

 

 

Најефикасен во редовите на Куманово беше Наум Костов со 15 гола, додека Кареем Мохамед постигна пет погодоци.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски / фото: МРК Куманово