Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти, одлучи Владата

Сподели со своите пријатели

Владата на вчерашната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ротари клуб Куманово донираше инвалидски колички за Домот за стари лица и болницата (ВИДЕО)

Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба.

Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен жител на Алгуња, возел иако немал дозвола