Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум ќе достигне 25 степени целзиусови.

И утре низ кумановско ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од север, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 9 до максимални 21 степен целзиусов.
Среда носи сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, а дневниот максимум ќе достигне 27 степени целзиусови.
Во четврток ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен праевец. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 30 степени целзиусови.

Петок исто така носи сонечво и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, а температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 29 степени целзиусови.
Променливо облачно време со услови и за сонце, но и за дожд ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна ќе достигне 28 степени целзиусови.
Недела носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максимумот ќе се искачи до 28 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски

