Инфлацијата нема значително да забави пред 2024 година

Сподели со своите пријатели

Европската централна банка (ЕЦБ) се обидува да ја забави инфлацијата, но зголемувањето на каматните стапки не функционира веднаш и ќе трае цела наредна година, најави претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел.

Loading...

Декемвриската инфлација, според очекувањата на германската централна банка, ќе биде нешто послаба од претходните месеци, но поради ограничувањата на цената на гасот.

Просечната стапка следната година во Германија ќе биде околу седум проценти.

„Инфлацијата значително ќе се забави дури од 2024 година“, рече Нагел.

Имено, каматата стапува на сила по една и пол до две години, па мора да побара трпение, пренесува SEEbiz.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Централната банка на еврозоната очекува просечна стапка на инфлација од 8,4 отсто оваа година и 6,3 отсто следната година, додека позабележително забавување на 3,4 и 2,4 отсто, соодветно, се предвидува за 2024 и 2025 година.

Во интервјуто за новото издание на магазинот Стерн, Нагел рече дека во наредните години синдикатите можат да се заложат за позначајни зголемувања на платите отколку што можеле да направат досега.

„Очекуваме платите во Германија да растат посилно во наредните години“, вели банкарот, бидејќи пазарот на трудот е стабилен и покрај економската криза, инфлацијата и скапите енергетски производи.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.