Државната агенција за статистика на Холандија објави дека инфлацијата во таа земја минатиот месец скокнала над десет проценти за прв пат од 1975 година, пишува Euronews.
Како што се наведува, цените на енергетските производи и домувањето главно доведоа до раст на инфлацијата во оваа земја.
„Цените во јули беа за 10,3 отсто повисоки во споредба со претходната година. Инфлацијата во јуни беше 8,6 отсто. Цените на енергијата во Холандија беа 108 отсто поскапи во јули отколку во истиот месец 2021 година. Кириите се во јули 2022 година беа 3 отсто повисоки од лани“, се наведува.
Исто така, во статистичкиот билтен се осврнаа на цените на бензините и храната.
„Пораснаа и цените на храната, сега храната е поскапа за 12,3 отсто од истиот месец лани. Во меѓувреме, цената на бензинот падна од 2,35 евра во јуни на 2,21 евро за литар во јули. Цените на дизелот во јули изнесуваат 2,07 евра наспроти 2,14 евра во јуни“, објави холандската агенција.
Генерално, инфлацијата во еврозоната во јули достигна 8,9 отсто, што е највисоко ниво на сите времиња, а цените на енергенсите се зголемени за повеќе од 39 отсто во однос на претходната година.
Естонија, Литванија и Летонија ги претставуваат земјите со највисока инфлација во еврозоната, пред се поради нивната голема зависност од увоз на енергија.
Кога станува збор за другите земји од Европската унија, според Евростат, вкупно 10 земји кои го користат еврото како валута имале двоцифрен процент на инфлација.
Тие земји се Белгија, Естонија, Грција, Шпанија, Кипар, Латвија, Литванија, Холандија, Словенија и Словачка.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.