Градско дерби: МКК Куманово утре против КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Љубителите на кошарката во Куманово утре ќе можат да го проследат првото градско кошаркарско дерби меѓу екипите на МКК Куманово и КК Куманово.

Loading...

Станува збор за натпревар од осмото коло на Втората кошаркарска лига, каде двата кумановски клуба ќе си ги одмерат силите.

Како апсолутен фаворит во мечот влегува Младинскиот кошаркарски клуб Куманово. Овој клуб кој чекор по чекор напредуваше од трета кон втора лига, сега е на прагот да влезе во елитната Прва лига на Македонија.

Под тренерска палка на Марин Докузовски МКК Куманово сезонава има извонредни резултати и по седум одиграни натпревари е апсолутен лидер во табелата без ниту еден пораз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Куманово е поволна, вели Бојмацалиев (ФОТО)

Пред неколку дена се засили и со поранешниот репрезентативец Александар Штерјов.

Од друга страна, некогашниот вицешампион на Македонија, КК Куманово 2009 кој по минатогодишните финансиски проблеми испадна од Првата лига, сезонава бележи многу лоши резултати.

Избраниците на тренерот Горан Димитријевиќ немаат ниту една победа по седум одиграни натпревари оваа сезона и можно е следната да паднат во уште понизок ранг на натпреварувања – Третата кошаркарска лига.

Утрешната историска средба на двата клуба ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 18:00 часот.

Loading...

Никола Ивановски