Александар Штерјов ново засилување на МКК Куманово

Сподели со своите пријатели

Александар Штерјов е најновото засилување на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово.

Loading...

Станува збор за поранешен репрезентативец на Македонија кој својата кариера ја започнал во 2006 година и ја градел низ повеќе успешни кошакарски клубови.

Роден е во Скопје, 1986 година, висок 206 сантиметри и ќе биде одлично засилување на позицијата центар.

Заедно со Марјан Јанески ќе им бидат на располагање на младите кумановски кошаркари кои оваа година успешно настапуваат во Втората кошаркарска лига и имаат огромни шанси под тренерската палка на Марин Докузовски, да остварат пласман во елитната Прва лига веќе следната сезона.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Инаку, Штерјов доаѓа воочи првото градско кошаркарско дерби, кое викендов МКК Куманово ќе го одигра против некогашниот вицешампион на Македонија, КК Куманово 2009, чиј дрес Штерјов го има носено во минатото.

Никола Ивановски