Главните напори на Русија насочени кон контрола на Доњецк

Сподели со своите пријатели

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили продолжуваат да ги фокусираат своите напори на воспоставување целосна контрола врз територијата на регионот Доњецк и на задржување на деловите од регионите Харков, Луганск, Донецк, Запорожје, Херсон и Миколаев што го заробиле.

Loading...

Руските сили се обидуваат да создадат поволни услови за продолжување на офанзивата, а вршат и воздушни и ракетни напади врз воени и цивилни цели во Украина, пренесува Укринформ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија повеќе нема да издава пасоши на мобилизираните

Во правец на Харков, Славјанск и Краматорск, руските сили гранатираа некои населени места, се наведува во извештајот.

Се додава дека во правец на Доњецк руските сили ги концентрираат силите на изведување офанзивни операции во правец на Бахмут и Авдијевка, пренесува Танјуг.

Украинскиот Генералштаб посочува дека обидите на руските трупи да напредуваат во правец на Славјанск, Бахмут и Авдијевка биле неуспешни.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕК ќе предложи нов пакет санкции за Русија