Французите нема да гинат за Украина

Сподели со своите пријатели

Борбените единици на француската армија нема да се појават во Украина, изјави републичкиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн за радио станицата France Inter.

Loading...

„Французите нема да гинат за Украина. Нема да испраќаме војници да спроведуваат борбени операции, сакаме да ја спречиме победата на Русија без војна со Русија. И во тој контекст ништо не е исклучено“, изјави шефот на Министерството за Надворешни работи.

Вака тој одговори на прашање на слушател на радио дали Емануел Макрон се сеќава дека Французите го избрале него за претседател, а не Володимир Зеленски.

Министерот за надворешни работи рече дека напорите на Париз се насочени кон избегнување војна, а не за предизвикување вознемиреност кај Французите, пишува РИА Новости.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.