Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, објави дека Унијата конечно стана енергетски независна од Русија.
„За само неколку месеци се ослободивме од енергетската зависност од Русија што ја градевме со години“, изјави Борел во интервју за шпанскиот весник „Ел Диарио“, пренесува ТАС С.
Коментирајќи го поскапувањето на енергенсите, Борел тврди дека тензичната ситуација на пазарот повеќе не може да се поврзува со војната во Украина, туку дека тоа е „структурен проблем“ на корелацијата на цените на гасот и струјата, пренесува Танјуг.
Тој изрази надеж дека Европската комисија (ЕК) ќе донесе мерки кои ќе ги ублажат последиците од високите цени на енергијата.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.