Енергоатом: Руските сили го приведоа директорот на нуклеарната централа Запорожје

Сподели со своите пријатели

Руските сили го приведоа генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје, Игор Мурашов и го одведоа во непознат правец, соопшти украинската државна агенција Енергоатом.

Loading...

Мурашов бил приведен од руските сили во петокот на пат од нуклеарната централа Запорожје кон Енергодар, пренесува Интерфакс Украина.

Според извештаите, неговиот автомобил бил запрен, а Мурашов бил со врзани очи и одвезен во непознат правец.

Нема информации за тоа каде се наоѓа Мурашов, соопшти утрово Енергоатом на Телеграм.

Се нагласува дека генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје има единствена одговорност за нуклеарната и радијационата безбедност на нуклеарната централа и дека неговото приведување претставува опасност за работата на најголемата нуклеарна централа во Европа.

Шефот на Енергоатом, Петро Котин, побара од руската армија, која ја контролира нуклеарната централа Запорожје, и вработените во Росатом, кои се наоѓаат во нуклеарната централа Запорожје, веднаш да го ослободат Мурашов и да го вратат на работното место.

Котин го повика и генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, Рафаел Гроси, да ги преземе сите мерки за итно ослободување на Мурашов.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...